АА допрва ќе го гради стравот за тоа како ќе настапи на претстојните избори

t

Алијанса за Албанците доправа ќе носи конечна одлука како ќе настапи на претстојните избори, тврдат извори од партијата за Канал 5, а за тоа ќе одлучи Централното собрание на партијата наскоро на седница.

Кога точно ќе биде свикана засега не се знае, но по отворената војна на раководството на Алијанса на социјалната мрежа Фејсбук, денеска од партијата појаснуваат дека објавата на Таравари за коалиција со опозициски блок била само негов личен став и отворен повик до партиското собрание за поддршка …. тврди за Канал 5 партискиот член и минсистер за информатичко општество Азир Алиу. Тој ги негира тврдењата на екс-претседателот Зијадин Села и на секретарот Кренар Лога дека партијата веќе изградила став за самостоен настап на изборите. Вели дека тоа била само привремена одлука, се додека не се донесе конечната и тврди дека скоро целото членство било опозициски настроено.

Од Алијанса не негираат дека постои разногалсие и поделеност во партијата, кои тлеат веќе извеснен период и кои можеби ќе доведат и до поделба на партијата. Но велат членството ќе мора да се соочи со реалноста и секој самостојно да одлучи. Не се исклучува ниту можноста доколку конечната одлука на Централното собрание е опозициски настап на изборите, актуелните министри од Алијанса да ја напуштат владата.

И додека Алијанса допрва ќе носи конечна одлука, владиниот коалициски партнер СДСМ останува на повикот до сите партии кои ја делат визијата за Еврпска Македонија да им се приклучат предизборно. Ковачевски не сакаше директно да ги кометира внатрепартиските случувања во Алијанса.

Инаку, внатрешните состојби во Алијансата кулминираа токму по средбите на партискиот лидер Тараври со лидерот на СДСМ Ковачевски, а претходно и со лидерите на албанската опозиција Меџити, Касами и Гаши со кои заетдно отпатуваа во Приштина кај косовскиот премиер Албин Курти. По што следуваше и понудата до Таравари за консензуален кандидат за претседател на Европскиот сојуз за промени, за која тој засега не е заинетресиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…