Комити реагираат: Наша цел беше да поставиме цвеќе, а не експлозивна бомба – се прашуваме, зошто беше потребен деталниот преглед на секој поединец..

t

Соопштение на навивачката група Комити:

Даскале, борбата продолжува и денес!

Твоите синови, едни од ретките кои останеле верни на идеалите, денес беа третирани како душмани на Републиката, а сакаа само да ти се поклонат, за сето она што го имаш направено.

Во време кога националното чувство кај македонската младина е сведено на минимум, кога историјата се крои по принципот ,,Патот до пеколот е поплочен со добри намери,” ние, искрените патриоти трпиме репресија од страна на припадниците на МВР, без притоа да постои било каков инициран повод за тоа.

Наша цел беше да поставиме цвеќе, а не експлозивна бомба. Оваа традиција ја одржуваме со години и никогаш претходно не се случил било каков инцидент. Затоа се прашуваме, зошто беше потребен деталниот преглед на секој поединец и зошто и самиот пристап на Полицијата беше целосно потценувачки и непристоен?

И на крајот, зошто воопшто беше потребно присуството на огромниот број припадници на Полицијата?! Зарем денес навистина немаше ниту еден проблем за решавање?!

Се прашуваме и Ве прашуваме!
Даскале, вечна ти слава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…