Иран со заканувачки тон им возвраќа на САД
Иран нема да се двоуми доколку е неопходно да возврати на американски напад на нејзина територија. Ваква предупредувачка порака денеска испрати портпаролот на иранската дипломатија, откако Белата куќа не ја исклучи можноста за директен напад и врз Иран. Соединетите Американски Држави во петокот почнаа серија напади против елитните ирански сили и проиранските вооружени групи во Сирија и Ирак како одговор на убиството на тројца американски војници во Јордан на 28 јануари. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во саботата изјави дека САД ќе продолжат да возвраќаат и не исклучува директни напади врз цели во Иран.
„Исламската Република нема да се двоуми ако треба да возврати“, изјави денеска на неделната прес-конференција портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Во саботата Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство објавија дека бомбардирале десетици цели во Јемен како одговор на повторените напади на Хутите поддржани од Иран.
Канани ги осуди нападите во Ирак, Јемен и Сирија и ги нарече нелегални. Тој додаде дека нападите биле извршени како дел од „политиката на целосна поддршка“ за Израел. Хутите тврдат дека дејствуваат во „солидарност“ со Палестинците во Газа.
Американските сили во неделата објавија дека извршиле воздушни напади врз пет проектили во Јемен, кои биле подготвени да бидат лансирани врз бродови во Црвеното Море.
Во понеделникот Канани рече дека Техеран „не сака да ги влоши тензиите и кризите во регионот“ и дека „никогаш не поддржувал тензии и кризи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…