Села свика централно собрание на Алијанса на кое ќе се бара одговорност од Таравари

t

Отворениот судир меѓу актуелниот и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и Зијадин Села, за тоа како партијата да настапи на изборите, продолжува да се води на Фејсбук.

По вонредната прес-конференција на Села кој е претседател на партиското Централно собрание, а која беше поттикната од одлуката на Таравари за предизборна коалиција со албанската опозиција тој објави фотографија на социјалните мрежи со голем број партиски членови и негови приврзаници, со порака дека Алијанса за Албанците не е предмет за трговија.

„Ова е голема куќа, Алијанса за Албанците – Претседателство, Собрание, секретари, потпретседавачи, пратеници, претседатели на ограноци и верни членови кои не ја продаваат својата куќа!“, напиша Села.

Синоќа на прес-конференцијата, Села беше дециден дека нема никаква одлука за влегување во коалиција пред избори а Таравари го обвини за кршење на партискиот статут и најави дека ќе бара одговорност од него на седница на централното претседателство во сабота.

Таравари не реагираше на обвинувањата, но неколку часа претходно објави дека сведочи на голема поддршка меѓу членовите на централното претседателство.

„Сведок сум на чудо од народ за промени. Оттогаш и до сега кога го пишувам ова, од вас добив стотици илјади пораки со честитки, благодарност, со инспирација и мотивација, вашата реакција ги надмина сите очекувања“, вели Таравари и меѓу другото, додавајќи дека нема сила што ќе ја сопре силата на народот.

Внатрепартиската битка меѓу двете крила на Таравари и Села која трае подолг период почна да се интензивира откако Таравари беше кај Курти заедно со опозиционерите, а кулминираше вчера откако тој објави дека со потписи добил подршка од мнозинство од партиското Собрание, за коалицирање со албанската опозиција. Целосна поддршка доби од Академијата на партијата, а од високите функционери на негова страна јавно застанаа министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, како и дел од пратениците и партиското раководство. Со ставот на Села се согласија министерот Кренар Лога и двајцата партиски потпретседатели Елми Азири и Илире Даути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…