И бугарските земјоделци излегоа на улица!

t

Голем број револтирани земјоделци излегоа да го изразат својот револт на улиците во Софија, главниот град на Бугарија, несогласувајќи се со политиките на власта нарекувајќи ги „целосен неуспех“ обидите да се справат со зголемените предизвици во земјоделскиот сектор.

Побараа оставка од ресорниот министер, обвинувајќи го дека не го одржал своето ветување дека ќе го олесни административниот товар, дека ќе бара државни компензации за високите трошоци како и поради падот на приходите.

Како и нивните колеги од други места во Европа, бугарските земјоделци се фрустрирани од доминантните регулативи на ЕУ, тешкотиите што произлегуваат од порастот на трошоците за ѓубрива и енергија поради војната на Русија во Украина и зголемениот увоз на земјоделски производи што ги преплавуваат локалните пазари и ги намалуваат цените.

Здружението на производители на жито најави дека тие утре би можеле да се приклучат на протестите со блокирање на главните патишта со нивната земјоделска механизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…

Траги-комедија: Се степале две 80-годишни баби во…

Две постари жени во саботата попладне се…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…

Не постои бугарска влада која повторно би…

„Не гледам како може повторно да репреговаран…