ОВИЕ работи никогаш не се чуваат во паричник, ова се причините
Губењето или кражба на паричник може да значи многу проблеми, па за полесно справување со тоа стручни лица советуваат дека некои работи никогаш не се чуваат во паричникот.
1. Сметки
Брендон Кинг е основач на приватната служба за безбедност на домот, „Хоум секјурити хироус“ (Home Security Heroes). Тој вели дека не треба да се чуваат сметките в паричник бидејќи тие може да се користат за извлекување информации за трансакциите, за банкарски сметки, па дури и за навиките за купување.
-Вештиот измамник може да ги искористи Вашите сметки за да се јави во компанијата на вашата кредитна картичка и да добие повеќе податоци за сметката, вели Кинг.
2. Кредитни картички
Доколку се носи кредитна картичка в паричник, постои поголема опасност „да потрошите повеќе пари“ отколку што е планирано. Ако пак, таа оставне дома, корисникот полесно ќе ја следи потрошувачката, советуваат стручњаците.
3. Лозинки
Ова е веројатно очигледно и се подразбира за многумина, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки, ПИН-кодови на картички или за врати во паричникот.
-Не правете го тоа. Не ја запишувајте лозинката ниту на хартија. Чувањето список со лозинки, ПИН-кодови или шифра за клуч во Вашиот паричник е голема опасност за (кражба на) идентитетот, што му олеснува на крадецот во кражбата, предупредува Кинг.
4. Клучеви
Иако изгледа прилично погодно да чувате клуч во паричникот, тоа не е безбедна опција, особено затоа што во паричникот има и документи со Вашата адреса, што полесно води до Вашиот дом.
-Ако ги загубите клучевите, мора да ги смените и бравите на вратите, па трошокот ќе биде многу поголем, вели Вејн Бехтол, виш даночен сметководител.
Освен тоа, доколку има повеќе картички, готовина и документи, паричникот вообичаено изгледа понадуен, па и „попривлечна мета“ за крадците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Во Појасот Газа за 24 часа убиени…
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…