Однапред договорено сценарио? УТРИНСКИ: Куршумот кај Таравари го подметнал негов близок

t

Куршумот што утрово се појави во дворот во семејната куќа на гостиварскиот градоначалник и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најверојатно се поврзува со негов близок човек. Ова се првичните неофицијални сознанија што ги споделуваат извори блиски на истрагата, неофицијално објавува „Утрински весник“. 

Се уште не се знае дали човекот близок до Таравари преку ноќ му свртел грб или пак се работи за однапред договорено сценарио.

Откако синоќа луѓе на Таравари нападнаа високи функционери на Алијанса за Албанците, тензијата во партијата е се поголема, а денес одредени медиуми веќе пишуваа дека во сабота на Централното претседателство на Алијанса, претседателот на ова тело Зијадин Села би можел да иницира смена на првиот човек на партијата Таравари, а потоа да побара и смена на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити кои доаѓаат од оваа партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Арачиновец погоден од куршум при семејна веселба

Жител на Арачиново синоќа завршил на комплексот…

Фондацијата на Заев го помага издавањето на…

Фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев помага…

Да се плаши човек да излезе на…

Во СВР Скопје, вчера во 13:25 часот…