Денеска се празнува Преподобна Ксенија

t

Родена е во Рим како ќерка-единица на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христоуподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето.

Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта (455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, посјаен од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…

Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…

Пет активни пожари низ Македонија

На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…

Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…

Млада бремена жена вчера била убиена, а…