Левица: Во скратена постапка Владата ќе носи закон за компанија на бугарски политичар

t

Левица обвинува дека под превезот на “стратешки инвестиции“ владата на утрешната седница сака по скратена постапка да протурка неколку закони. Еден од предложените закони во скратена постапка според нив се однесува на соларна електрична централа – Пехчево, каде како инвеститор се јавува компанијата „ХЕК СОЛАР МК” ДОО Негрево. Оваа компанија според информациите на Левица е во сопственост на Бојан Славев Табутов, чиј брат Владимир Табутов е пратеник во БУГАРСКИОТ парламент. Скандалозноста на целиот процес е што на 3-ти декември Владимир Табутов е избран за пратеник во Софија, додека само четири дена подоцна, Владата во Македонија носи одлука неговата компанија да биде стратешки инвеститор во енергија.

– “Дополнително, компанијата „ХЕК СОЛАР МК” ДОО Негрево е регистрирана на иста адреса во Кисела Вода, каде се наоѓа компанијата на уште еден бугарски политичар – Павел ВАЛНЕВ. Валнев истовремено се јавува како сопственик и на фирми за марихуана во Кочани, Крушево и во Струмица и важи за бизнис партнер на поранешниот премиер Зоран Заев“ посочуваат од Левица.

Од Левица велат дека на овој начин се штитат бизнис интересите на династијата Заеви со бугарските компании и се нудат низа привилегии за бугарскиот инвеститор, додека најскандалозниот дел е што се трансформира земјоделско земјиште од прва класа во градежно земјиште! Дополнително, постетуваме дека Македонија досега нема донесено Правилник или изработено студија за тоа на кој начин би се користело градежно земјиште за агрофотоволтаични цели се вели во соопштението на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…