ЕУ ќе донира седум возила за брза помош
Делегацијата на Европската Унија обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица до болниците во Скопје. Главниот град има најголеми потреби и население во државата и донацијата ќе го ублажи недостигот од возила.
Ова е најновата испорака на помош од ЕУ наменета да му помогне на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните. Од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата. Преку достигнување на стапка на искористеност на овие уреди како во земјите-членки на ЕУ, оваа медицинска радолошка опрема ќе придонесе за понавремена дијагностика.
ЕУ продолжува да го помага здравствениот сектор во подобрување на целокупната здравствена инфраструктура. Проектите финансирани од ЕУ кои го поддржуваат спроведувањето на Стратегијата за здравство 2023-2030 и системот за трансплантација се во тек. Поддршка на програмата за скрининг и превенција на рак, програмата за неонатална грижа и надградбата на апликацијата „Мој термин“ се планирани за финансирање од ЕУ веќе во 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…