Ристовски: Направивме комплетна реогранизација на Вардар

t

Направивме комплетна реогранизација на клубот, рече во утрешното „Студио 10“ Борко Ристовски, директор на ракометниот клуб Вардар.

Начинот на којшто треба да функционира еден професионален клуб. Најпрво почнавме од тоа да си ги средиме дома работите, а потоа почнавме и нов начин на функцноирање, односно прибирање на повеке мали спонзори за да не зависиме од еден голем и да не завршиме како „Кометал Ѓорче Петров“ или со „Вардар“ со Самсоненко и клубот да остане на цедило. Направивме една ситуација која е постабилна и еден спознор да замине, 80% од финасиската структура ке биде стабилна и нема да има потреси. Направивме ново функцноирање. Тешко е и имаме уште многу работи за поправање, рече Ристовски.

Потенцираше дека клубот, иако институција со долго реноме и историја, беше оставен во една незавидна ситуација.

Не се знаеше дали ќе функционира и дали ќе постои. Беше оставен во долгови, многу отворени побарувања и ние направиме нова пререгистрација за да пробаме да ги избенгме овие работи. Не можеме да вракаме долгови за некој друг што ги направил. На крај на денот Европската ракомента федерација одлучи дека сепак се работи за еден ист субјект. И почнавме да ги санираме тие стари долгови. Разговаравме со играчите на кои им се должеше, да направиме договор со кој парцијално клубот ќе ги врака тие долгови. Голем дел од играчите излегоа пресрет на клубот, го чувствуваат како дел од себе. Имаше и играчи кои поднесоа тужба и ја добија, со право. Сега повторно полека тие долгови ги тргаме, дел од нив и Самсоненко врати, дел ние. Сè уште враќаме, но не можете да се откажете од „Вардар“ и покрај што ситуцијата е каква каква што е. Далеку сме од добра ситуација, чекориме напред и не се откажуваме, рече Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан без струја,…

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска се…

Телото кое беше пронајдено во близина на…

Телото пронајдено за време на пожарот во…

Актерот Едмонд Сотир е нов директор на…

Актерот Едмонд Сотир е нов директор на…

Голем пожар над селото Бојане, се шири…

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над…

Бучковски за војната во 2001: Имаше тенденција…

Во 2001-та година имаше план за поделба…