Објавено на:

Ѓорческа со победа го почна ИТФ фјучрсот во Анталијa

t

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа победа во првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција. Ѓорческа ја совлада Маделиеф Хагеман од Холандијасо 2-0, во двата сета со по 6:2.

Ѓорческа е рангирана како трета носителка на турнирот.

Веќе утре, Македонката ќе настапи и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија, а противнички им се јапонската двојка Козаки-Аикава.

Ѓорческа и Ведерер се рангирани како втори носителки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ