Објавено на:

(Видео) На интернет кружи снимка од Бајден од почетокот на неговата кариера, дали ќе го препознаете?

t

На интернет кружи видео на американскиот претседател Џозеф Бајден од почетокот на неговата политичка кариера, кога беше еден од најмладите сенатори во САД.

Во видеото, можете да го видите Бајден , како харизматичен 30-годишен сенатор од Делавер, за време на дебата во Капитол.

Бајден првпат беше избран за сенатор во 1972 година и е седмиот најмлад член на Горниот дом на американскиот Конгрес во историјата на САД.

Тој наполни триесет години, уставно пропишаната старосна граница за влез во Сенатот, помалку од две недели по изборите.

Сепак, почетокот на неговата кариера во Сенатот го одбележа голема семејна трагедија. Во декември 1972 година, помалку од еден месец пред да положи заклетва, неговата сопруга Нила и едногодишната ќерка Ејми загинаа во сообраќајна несреќа, додека синовите Бо и Хантер беа тешко повредени.

Бајден размислуваше да поднесе оставка како сенатор поради несреќата, но лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Мајк Менсфилд, го убеди да не се откажува. Тој сепак одлучил секој ден да патува 90 минути со воз од Делавер до Вашингтон, за да може да се грижи за своите синови.

Денеска 81-годишниот Бајден посакува втор претседателски мандат. Се очекува негов противкандидат на претседателските избори во ноември да биде контроверзниот поранешен претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…