Блинкен: Се уште е можен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас
Американскиот државен секретар Антони Блинкен вели дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас сè уште е возможен.
Според него одговорот на Хамас „дава простор за изнаоѓање решение“.
Ваквите негови пораки доаѓаат во време кога тој е во посета на Блискиот Исток со цел да посредува во договорот што ќе ги прекине борбите.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги отфрли условите на Хамас, ветувајќи дека ќе ја продолжи војната до „апсолутна победа“ и отфрлајќи го секој аранжман што ја остава милитантната група во целосна или делумна контрола врз Газа.
Блинкен, исто така, ја истакна важноста од обезбедување поголема хуманитарна помош за цивилите во Газа.
Бројот на палестински загинати од четиримесечната војна ближи 28 илјади, според Министерството за здравство на територијата што ја контролира Хамас.
Само во последните 24 часа изброени се 123 тела донесени во болниците.
Најмалку 11.000 ранети луѓе треба итно да бидат евакуирани од Газа, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот кај делчевски Голак ставен под целосна…
Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП…
Два медали за Македонија: Вејсели и Хајдари…
Македонија има два сигурни медали на Медитеранските…
По Гренланд, на ред и Канада? Русија…
Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции…
Наближува Голема Богородица: Во петок голем празник,…
Во петок, на 28 август, православните верници…
Септемвриската пензија ќе биде повисока за 3…
Септемвриските пензии во Македонија се очекува да…