Собранието им плаќало стан во Скопје, a земале и патни трошоци – ова се пратениците
Пратеници земале патни трошоци иако истовремено имале склучено договор за закуп на стан во Скопје. Да биде појасно, Собранието им платило и стан и дополнително огромни суми за патни трошоци на неколкумина пратеници.
Први на листата се пратеничките Даниела Христова и Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ. Христова која е од Виница, на која Собранието односно граѓаните ѝ плаќаат по 400 евра месечно (4.800 евра годишно) за стан во Скопје, а истата земала 161.331 денари за патни трошоци. Лидија Петкоска е од Охрид, имала месечна закупнина за стан во Скопје од 355 евра (4.260 евра годишно) и дополнително земала патни трошоци од 230.145 денари.
Тука се и пратеничките од СДСМ, Марија Костадинова и Лолита Ристова. Костадинова имала месечна закупнина за стан во Скопје од 20.300 денари, а земала 175.246 денари за патни трошоци. За станот во кој престојувала Ристова Собранието плаќало 385 евра месечно, а пратеничката земала и 160.993 денари за патни трошоци. Тука е и Марија Кочовска која е меѓу топ 10 пратеници со највиоски патни трошоци, односно истата земала 556.901 илјади денари за патни трошоци, а Собранието дополнително ѝ плаќало и закупнина за стан во износ од 24.000 денари месечно.
Пратеничката Соња Михаиловска од Делчево, исто така од редовите на СДСМ, земала 211.052 денари за патни трошоци, иако Собранието за неа плаќало 350 евра месечно за закупнина за стан.
Пратениците во продолжение се пратеници кои имаат склучено договор за закуп на стан, меѓутоа не земаат патни трошоци.
Јован Јаулески (ВМРО-ДПМНЕ), месечна закупнина за стан 330 евра, Бети Рабаџиеска (СДСМ) месечна закупнина од 350 евра, Грација Бакраческа (ВМРО-ДПМНЕ) месечна закупнина од 400 евра, Стојан Миланов (Социјалистичка партија на Македонија) месечна закупнина од 400 евра и Емилија Рамбабова (СДСМ) месечна закупнина од 380 евра.
Детали за патните трошоци на пратениците прочитајте на линковите во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…