Палевски наскоро ќе биде екстрадиран, турските судови дале согласност се чека потпис на турското МНР вели Лога
Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе се случи наскоро, завршени се судските процедури, а во следните неколку дена треба да завршат и административните вели министерот за правда Кренар Лога по средбата со турскиот колега, во изјава за Телма.
Сега потребно е, вели Лога, турското МНР да стави свој потпис.
Двата суда донеле одлука за одобрување, а министерот за правда тврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.
Посетата на Лога на Анкара се совпаѓа со истекувањето на 40 дневниот притвор на Палчо во Баликесир, кој му гоодреди турската полиција која го уапси по издадена меѓународна потерница од страна на македонското МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…