Залужни по смената: Мора да се прилагодиме на новата реалност

t

Расчинетиот украински генерал Викториј Залужни за прв пат по неговото разрешување зборуваше на својот профил на Телеграм, каде напиша дека имал „важна и сериозна“ средба со Володимир Зеленски, претседателот на Украина.

„Само што се сретнав со врховниот командант. Имавме важен и сериозен разговор. Донесовме одлука да го промениме нашиот пристап и стратегија“, напиша Залужни на Телеграм.

Тој накратко се осврна на почетокот на војната и посочи дека „битката се менува од ден на ден“ како и нивните задачи.

„Задачите од 2022 година се различни од задачите од 2024 година. Затоа, секој мора да се менува и да се прилагоди на новите реалности. Ајде да победиме заедно“, напиша тој.

Додаде дека е благодарен на целиот тим и на претседателот на Украина.

На крајот заклучи дека е сигурен во победата на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…