Ограничување на кириите: Левица во одбрана на студентите и работниците
,,Ова е еден, според нас, круцијален закон којшто опфаќа повеќе од половина милион население и се однесува на, популарно или народски кажано, кираџиите. Тоа се многу луѓе во Република Македонија.
На сајтовите на агенциите за недвижности можете да видите фрапантни податоци каде што уредно наместен стан од 50 квадрати достигнува цена по 800, 900 а некогаш и 1 000 евра. Овие проблеми на граѓаните не се новина кај нас, во Европа веќе ги имале и затоа се носени заштитнички закони£, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев за предлог-Законот за домување.
Досега, според него, методологијата за утврдување на закупнината е носена со уредба на Влада, односно е под-законска, а не законска материја.
„Со овој закон се предлага таа да стане законска материја и тоа да биде еден став во Законот за домување. Втората промена, е за куршлусот кој е направен. Иако Владата има право да воведе регулација на кириите и наместо да утврди максимална кирија, нашата Влада утврдила минимална кирија. Кого штити Владата? Ги штити рентиерите наспроти студентите во тие станови, наспроти работниците во овие станови“, вели Апасиев.
Со оваа измена, како што појаснува предлагаат да се воведе горна граница на износот на кирија.
„Оттука, апелираме на вашата совест, бидејќи ова опфаќа многу од населението во Македонија, а истовремено од подзаконска, оваа материја станува материја легис”, потенцира Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…