Џафери – Ангелов: Добрососедски односи и успешна соработка во НАТО и на патот кон ЕУ

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Ангел Ангелов.

На состанокот е констатирано дека можноста за двојна средба во една недела – денешната билатерална, по понеделничката заедничка средба со амбасадори на држави членки на ЕУ, ја покажува волјата од двете страни за унапредување на добрососедските односи, како што доликува на држави со европска ориентација. Се разговараше за актуелни прашања од значење за Македонија и Бугарија, за билатералната соработка, како и за одржувањето на стабилноста во регионален и во поширок, европски контекст. И во таа насока, се потенцираше важноста на истакнувањето позитивни примери и позитивни наративи од двете држави, што оди во прилог на јакнење на меѓусебната доверба, како интерес на граѓаните и придонес во европското поведение на регионот.

Премиерот Џафери истакна дека Република Македонија е цврсто определена за дијалог помеѓу државите, што води кон пријателство и заемно почитување на достоинството и изрази очекување дека Македонија и Бугарија ќе имаат можност за неколку години да соработуваат успешно и во Европската Унија, како што тоа сега го прават во рамките на НАТО.

На средбата, од двете страни беше реафирмирана политичката волја за имплементација на меѓусебно преземените договорни односи, и во тој контекст, премиерот Џафери ја реафирмира посветеноста и на Владата кон реализирање на уставните измени во насока на продолжување на евро-интеграцискиот пат на земјата. Воедно, беше потврдена взаемната потреба од продолжување на политичкиот дијалог на сите нивоа и во текот на 2024 година, независно од изборите во нашата држава и претстојната промена на премиер во Бугарија. Како позитивен пример во таа насока, беше посочена н посетата на претседателот на Националното Собрание на Бугарија, Росен Жељазков, минатиот ноември, со кого премиерот Џафери оствари средба од позиција на претседател на Собранието на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…