Села: Имаме мнозинство за разрешување на министрите Меџити и Алиу

t

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите истакна дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, фатмир Меџити и Азир Алиу.

-Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска Комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците, рече Села.

На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села потенцира дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.

-Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местот му е да дојде таму, изјави Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…