„За модерно Скопје“: Во завршна фаза e реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во завршните работи на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.

– Со реконструкција на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот и истата е исполнување на уште едно децениско барање на жителите, велат надлежните.

Имплементацијата на проектот опфати реконструкција на коловозот на улицата на површина од 9.600 м2 и должина од 1270 метри, со изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот ќе се подигне ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада,…

Трговската војна меѓу САД и Канада влезе…

ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди…

ПЕТ скенот од кој завбиси животот и…

(Видео) Кинези снимени како ја потопуваат зелката…

Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека…

Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил…

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била…

Исланд гласа за враќање на преговорите со…

Исланд ќе гласа за тоа дали да…