Грција ги известила другите држави дека непроменетите македонски документи од 12 февруари нема да важат, МНР молчи

t

Грчкото МНР писмено ги известило колегите министри и други меѓународни организации за обврската за патните исправи на Македонија од 12 февруари да мора да содржат „Cеверна“. Македонското МНР молчи за таквата постапка на Грција.

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, со официјален допис до надлежните министерства го активирал Договорот од Преспа, објави „пресинг.гр“.

Поточно, во директивата што ја добиле министерствата на 30.01.2024 година, се потсетува дека на 12.02.2024 година е истечен петгодишниот технички преоден рок од член 1. ст. 10 потточка а.

Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од договорот од Преспа.

За крај Герапетритис ги повикува министерствата да ги информираат надлежните служби, организации, федерации итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…