За налепницата мора лично да отидете, ќе ја залепи контролор од станицатa

t

Прилепските возачи од идната недела ќе можат да ги добијат бесплатните налепници со ознаката НМК.

Според Даниела Перканоска од прилепска Станица за технички преглед, налепниците се стигнати во магацинот, но чекаат упатство за процедурата на издавање на возачите.

Денеска имам информација дека налепниците се стигнати во магацинот на прилепската полиција, но немаме инструкции за процедурата за нивно издавање. Очекуваме да добиеме инструкции во понеделник. До понеделник нема издавање, а сето ќе се одвива со почетокот на идната недела, вели Перканоска.

Од МВР велат дека во тек е дистрибуцијата на налепниците во Станиците за технички преглед во земјава.

Информираме дека при подигнувањето на налепниците потребно е во Станицата за технички преглед да отидат возачите со своето возило и со сообраќајна дозвола. Од референтите во Станицата ќе биде издадена налепницата која на возилото ќе ја залепи контролор од Станицата за технички преглед, се вели во соопштението од МВР.

Во Станиците за технички преглед во Прилеп немаше навалица ниту нервоза, иако возачите прашуваа кога ќе стигнат налепниците.

Во Прилеп се четири Станици за технички преглед. Инаку, од понеделник граѓаните не ќе може да патуваат надвор од земјава без налепниците со ознаката НМК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжен е рокот за ставање на налепницата…

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

За налепницата мора лично да отидете, ќе…

Прилепските возачи од идната недела ќе можат…

Одлична вест од МВР: Налепниците „НМК“ ќе…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Налепниците со „НМК“ ќе чинат од 30…

Во мај минатата година Владата одлучи дека…

Нема нови таблички, МВР набавува налепници со…

Министерството за внатрешни работи (МВР) склучи договор…