(Вознемирувачко видео) 15-годишно девојче среде Скопје брутално претепано од соученички, заврши со тешки повреди!
Трауматичен и вознемирувачки настан се случил среде бел ден вчера во центарот на Скопје во близина на грчкиот конзулат, дознава Слободен печат од свои извори. Петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија во Центар, брутално е претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот. Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми. По бруталното претепување таа сама дошла до гимназијата во центарот на градот, но поради исцрпеноста колабирала пред обезбедувањето по што биле викнати нејзините родители. Снимката ја направила толпа ученици кои или набљудувале или се потсмевале со овој сериозен настан. Девојчињата што ја претепале ја навредувале со погрдни зборови. Случајот е пријавен во полициската станица Беко и кај Јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…