Грозоморно убиство во Србија- Го претепале до смрт, па го фрлиле во бунар
Грозоморно убиство се случи во Србија, во местото Тутин. Жртва е 28- годишниот Нусрет Дестановиќ, кој бил претепан до смрт од повеќе лица, меѓу кои и поранешниот сопруг на жена со која тој се среќавал, информираат српските медиуми.
Дестановиќ отишол на средба, мислејќи со жената, а бил пречекан и убиен од лицата блиски до нејзиниот сопруг.
Се покажало дека пораката за средба ја испратил поранешниот сопруг на жената, со цел да го намами да дојде. Притоа, го начекале мажите и го претепале до смрт.
Жителите на Тутин се сомневаат дека и жената е вмешана и дека таа намерно го дала својот телефон, за Дестановиќ да мисли дека ќе се сретне со неа.
Телото на несреќното момче е пронајдено во бунарот во дворот кај осомничениот за убиство. Во меѓувреме, тој успеал да побегне во Германија, без никој да забележи деа нешто се случило.
Дестановиќ исчезнал во четвртокот и оттогаш за него траеше потрага. Смртоносниот удар бил нанесен во главата, по што веројатно сторителите го фрлиле во бунар во обид да го прикријат злосторството.
Во полициска акција припадниците на МВР во Нови Пазар уапсија три лица во врска со бруталното убиство на Дестановиќ.
Меѓу уапсените е и Е.Џ. (18) од Сјеница, осомничен за тешко убиство во соизвршителство и Елвис Хрњак (40) од Нови Пазар, обвинет дека му помагал на сторителот по извршувањето на кривичното дело. Третото лице Ријалда Хачи (27) од Сјеница е приведено бидејќи не пријавило подготвување кривично дело. Додека Сеад Зеќовиќ е во бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…