Шок за Мицкоски: Секој четврти гласач на ВМРО-ДПМНЕ би гласал за Груевски ако тој излезе со свои пратенички листи на изборите во мај

t

На помалку од три месеци од парламентарните избори агенциите за истражување на јавното мислење се со полни раце работа, исто како и изборните штабови на политичките партии.

Фактот што пред нас се двојни избори е уште една причина за вистински метеж од анкети и истражување на расположението на граѓаните на кои се мери рејтингот како на партитте така и на одредени поединци.

24инфо.мк викендов доби увид во една од бројните анкети што се прават во овој период, каде покрај стандардните прашања, едно прашње се издвојуваше како особено интересно.

Според податоците од анкетата очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште постои изразена поделеност на членството помеѓу стариот и новиот лидер на партијата, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Имено, на сите кои одговориле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ им било поставено дополнително прашње, односно дали би гласале за Никола Груевски доколку тој реши да излезе со свои пратенички листи.

Процентот на оние што одговориле не е за занемарување, односно со сите прашани испитанииц, околу 13 проценти рекле ДА, додека над 10.5 проценти се изјасниле дека веројатно би гласале.

Тоа во суштина значи дека над 23,5 проценти или речиси секој четврти гласач на ВМРО-ДПМНЕ би гласал за почесниот претседател на партијата кој неколку години се наоѓа во Будимпешта.

Во јавноста веќе подолго време гласно се зборува за поделбите во ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски и Груевски имаа и јавни препукувања околу тоа кој како ја водел партијата.

Периодот на креирање на пратеничките листи и предлагањето на претседателски кандидат во секоја партија, па и во ВМРО-ДПМНЕ секогаш важел за турбулентен и неизвесен, па оттука нема да биде изнедадување ако Груевски понесен од резултатите на анкетите и поддржан од оние кои не би се нашле на некое добитно место на листите, и навистина да настапи со свои пратенички листи на следните парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

16 пожари во Македонија, само 6 се…

До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Неколку здравствени институции добија нови директори

Министерството за здравство информира дека министерот Арбен…

Награда од три милиони денари за младите…

Владата на денешната седница донесе одлука на…