Сириза го потсетија Мицотакис за не ратификуваните меморандуми од Преспанскиот договор
Преку две прашања објавени на партискиот сајт, Дуру бара од актуелниот минситер за надворешни работи Јоргос Герапетрис, да даде одговор каде е застојот во ратификацијата на меморандумите, но и дали грчката влада го следи спроведувањето на Преспанскиот договор во земјава, како и дали властите во Атина ќе преземат мерки доколку тоа не е така, имајќи предвид дека како што наведува е дел од критериумите за македонските евроинтеграции. Според неа, застојот во целиот процес ја отвора вратата за надворешни влијанија во Македонија.
-Резултатот од сето ова, во комбинација со 4 години не свикувањето на Советот за соработка на високо ниво, како што е предвидено со Договорот од Преспа, и непотпишувањето нови билатерални договори, остава простор за непочитување на Договорот и поткопување на одбранбената, дипломатската и економската соработка со С. Македонија, со што се зголемува просторот за зајакнување на улогата на трети сили на нашите северни граници. – Ренa Дуру – Пратеничка од Сириза.
Трите меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, се однесуваат за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, за формирање на координативен комитет за економска соработка и техничка спогодба за надгледување на летовите.
Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетрис пак, пред две недели, покрај за личните документи, даде одговор и за меморандумите кои Грција не ги спроведува. Во таа прилика тој наведе дека за ратификација било неопходно земјава доследно да ги почитува одредбите од Договорот.
-Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа. Што се однесува до Меморандумите за разбирање, разбирате дека нивната ратификација од грчкиот парламент всушност зависи од верното почитување на одредбите од Договорот од Преспа. Ние ќе останеме во овој Договор строго следејќи го неговото верно почитување.- – Јоргос Герапетрис – Министер за надворешни работи на Грција (31.01.2024).
Покрај меморандумите, грчката страна досега ги нема променето ниту патните табли кои водат кон земјава, каде се уште стои референцата БЈРМ или Скопје, иако според челн 14 став 5 од Договрот страни се обврзани да се придржуваат кон меѓународните правила и регулативи во однос на транзитот, телекмуникациите, знаците и кодовите….. Објаснувањето на грчките власти изминатите пет години е дека тоа е под надлежност на локалните власти. Преспанскиот договор стапи на сила на денешен ден пред пет години, кога експресно беа променети таблите на граничните премини, како и сите ознаките на веб страните на владата и собранието, а потоа следуваа и промени во имињата на јавните институции, спомениците, а на повеќе локации беше отстранет и симболот од Кутлеш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…