(Видео) Џафери во Брисел на средба со европратениците: Евроинтеграциите остануваат во фокусот на Владата
Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во Брисел оствари средба со европратениците Илхан Кјучук, Тонино Пицула, Тинеке Стрик и Карло Реслер. Во владината делегација која ја предводи премиерот Џафери се и првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Како што известуваат од прес-службата на Владата, на средбата биле разменети мислења за европската интеграција на Македонија, владините политики во пресрет на двојните избори во државата, како и за активностите на Владата кои произлегуваат од подготовките за успешното реализирање на Планот за раст.
На првата посета на Брисел како премиер, Џафери им посочи на европратениците дека Владата во Македонија, ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, во насока на забрзана европска интеграција.
Европратениците кои припаѓаат на различни политички групи, му честитаа на Џафери за премиерската функција, истакнувајќи ја силната поддршка за Македонија во спроведување на реформските процеси и членството во ЕУ.
Премиерот Џафери нагласи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на земјава, за што постои висока поддршка кај граѓаните. На средбата беа разменети мислења за Планот за раст, кој е од голема важност за Македонија, во насока на економски напредок, отворање на нови работни места, подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и можност компаниите од државата да имаат пристап до делови од единствениот пазар на ЕУ пред членството.
Претседателот на Владата, Џафери, се заблагодари на европратениците за нивната поддршка на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, која е приоритет и токму поради тоа премиерот за свој надворешен советник го ангажираше Иво Вајгл кој со своето драгоцено искуство ќе придонесе кон забрзувањето на Европскиот пат. Премиерот побара натамошна поддршка од европратениците, во зајакнувањето на соработката и присуството на претставници од нашата земја во Европскиот Парламент, се додава во соопштението од прес-службата на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…