Петровска во седиштето на НАТО во Брисел го потпиша Договорот за придонес со VNC, со кој Македонија ги зголемува капацитетите за односи со јавноста на Алијансата
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел, го потпиша Договорот за придонес во Одделот за јавна дипломатија на НАТО, кој овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односи со јавноста во Министерството да дадат свој придонес кон развојот на областа за односи со јавноста во рамките на НАТО – Алијансата и истиот го предаде на помошникот на генералниот секретар на НАТО, Скот Бреи.
„Драго ми е што процесот кој го започнавме минатата година, денеска се официјализира и што четворица експерти од Министерството за одбрана во четири последователни ротации следните две години ќе можат да ги засилат капацитетите на Одделот за јавна дипломатија на НАТО – Алијансата“, рече министерката.
Борбата за вистината и за целите на НАТО како одбранбена Алијанса чија основна функција е заштитата на сојузниците и нивните граѓани, рече министерката, мора да биде јасно видена и слушната, а нашите експерти кои со својата работа овозможија Министерството за одбрана да се искачи на првото место според активната транспарентност во земјата и регионот, ќе бидат уште една силна додадена вредност за НАТО.
Македонија својот придонес во Одделот за јавна дипломатија ќе го започне во мај 2024 година, во следните две години во четири шест-месечни ротации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…