Охриѓанец загина откако кај Стража со возило удрил во друго паркирано возило, повредени државјани на Англија и Суринам

t

– Денеска (14 февруари) околу 12 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на Стража, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот Б.Н. од Охрид удрило во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП„Македонија пат“.

Во несреќата, возачот починал на самото место, а три лица – странски државјани од Англија и Суринам ( Јужна Америка ) се здобиле со повреди и пренесени се за укажување на лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го…

Советот на јавните обвинители на Република Северна…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Директорот на „Рајанер“ ја нарече Урсула фон…

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ја…

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…

„Ти си ми златна и бисерна, малечка…

На денешен ден, 20 октомври, во 1915…