Делот за брза храна во „Ист гејт“ засега ќе остане затворен за посетители
Трговскиот центар „Ист гејт“ денеска продолжи со работа од 13:00 часот. Делот за брза храна ќе биде затворен за посетители и деловна дејност, информираа во соопштение од трговскиот центар, по пожарот што избувна утрото на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна.
Во пожарот нема повредени и е причинета материјална штета. Веќе е завршен увидот за причините од страна на надлежните органи.
Трговскиот центар ќе продолжи со редовно работно време, до 22:00 часот.
Како што информираа од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје за МИА, во гаснењето на пожарот е интервенирано со 15 пожарникари и пет возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…