Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила
Јапонија, поради слабата домашна потрошувачка, падна во рецесија и ја загуби позицијата на трета по големина економија во светот, која сега е преземена од Германија.
Бруто домашниот производ е намален за 0,4 отсто во последните три месеци од 2023 година, соопштија денеска властите.
Во претходниот квартал економијата падна за 3,3 отсто. Секој благ пад на реалниот бруто национален производ во два или повеќе последователни квартали се смета за рецесија.
Економистите всушност очекуваа новите податоци да покажат пораст на БДП на Јапонија за повеќе од еден отсто.
Од друга страна, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во октомври предвиде дека Германија веројатно ќе ја престигне Јапонија и ќе стане трета по големина економија во светот.
Економистот Нил Њуман за Би-Би-Си изјави дека најновите бројки покажуваат дека во 2023 година јапонската економија вредела околу 4,2, а германската 4,4 трилиони долари.
„Ова се должи на слабоста на јапонската валута во однос на доларот и доколку јенот закрепне земјата би можела да го врати третото место“, додаде Њуман.
Поради најновите податоци, јапонската централна банка би можела дополнително да ја одложи долгоочекуваната одлука за зголемување на трошоците за задолжување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…