Македонски државјанин пронајден мртов во Косово!

t

Тело на починато лице вчера попладнето било пронајдено кај Урошевац, соопшти косовската полиција. Според информациите станува збор за 61-годишно лице, кое е државјанин на Македонија.

Тамошната полиција соопштила дека телото било пронајдено во мотел на патот Приштина-Урошевац и дека случајот е окарактеризиран како сомнителна смрт.

Телото на починатиот било испратено во тамошниот Институт за судска медицина, по што ќе се соопштат повеќе детали, пренесуваат српските медиуми.

Од косовската полиција додаваат дека во собата во мотелот, заедно со починатиот имало и жена, по која полицијата трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…