Вучиќ им додели ордени за заслуги на тројца Македонци

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции, а меѓу Македонците кои добија ордени се и почеснот конзул на Србија во Република Северна Македонија-Силјан Мицевски-постхумно, академик Влада Урошевиќ и оперскиот пејач Никола Китановски, јави дописникот на МИА од Белград.

Силјан Мицевски кој беше почесен конзул на Република Србија во Битола, постхумно доби Орден на српско знаме-трет степен кој се доделува за особени заслуги во развојот на меѓународните односи меѓу Република Србија и другите земји.

Академик Влада Урошевиќ кој покрај МАНУ е и странски член на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) е одликуван со Орденот Сретење – прв степен кој се доделува за особени заслуги за Република Србија и нејзините граѓани во областа на јавните, економските, културните, образовните, спортските и хуманитарните активности.

Оперскиот пејач и тенор, професор по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Белград, Никола Китановски кој родум е од Скопје, е одликуван со орденот Караѓорѓева ѕвезда-трет степен што се доделува за особени заслуги и успеси во претставувањето на државата и нејзините граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…