Објавено на:

Столтенберг: Русија мора да одговори на прашањата за околностите за смртта на Навални

t

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт.

„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт“, рече Столтенберг.

Канцеларијата на Федералната казнео-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецка во соопштение наведува дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ. рп/Фото: МИА архива .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…