ЦРНО САБОТНО УТРО: 27 годишник ноќеска е прободен со нож во срцето и починал на лице место – ужас во Белград

t

Едно момче е убиено, а друго ранет со ладно оружје ноќеска во Белград. 27-годишникот кој смртно настрадал, бил убиен со убод од нож во срцето околу 4 часот рано утринава, информираат од белградската Итна помош, пренесуваат српските медиуми.

Претходно, итната помош добила повик за сообраќајна несреќа на истата локација, но тимот нашол само превртен автомобил на покривот без пациенти внатре и околу него. Потоа дошол вториот повик.

Само еден час подоцна на истото место дошло до физички напад со нож врз две лица на возраст од 23 и 27 години, од кои 23-годишниот маж се здобил со расекотина на надлактицата, додека, за жал, 27-годишен маж се здобил со убодна рана со нож, во пределот на срцето и, за жал, починал на самото место – изјави д-р Владимир Синѓелиќ за РТС.

Потрагата по двајцата напаѓачи кои утринава убија едно младо момче, а ранија уште едно во Беоргад е во тек, соопштија за Танјуг во МУП.

-Полициската работа е во тек, се утврдуваат сите факти. Полицијата трага по двајца напаѓачи кои со нож повредиле маж роден 1996 година, кој починал на лице место. Прободен е и уште еден маж, роден 2001 година, кој најверојатно се здобил со полесни повреди – наведуваат од МУП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…