Сообраќајката го издаде дека пренесува мигранти

t

Полициски службеници вчера, кај клучната Миравци, го привеле 38-годишниот Т.П од Скопје, бидејќи превезувал пет мигранти од Кина.

На автопатот Демир Капија – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за гранични провери и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Т.П.(38) од Скопје затоа што со возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки превезувал пет лица мигранти од Народна Република Кина, соопштуваат од МВР.

Имено, околу 13.10 часот било пријавено дека во близина на клучка Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(70) од Валандово и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П., од кое по незгодата излегле мигрантите.

Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот Р.Д. и Ѓ.М., сопатник во неговото возило, констатирани во Општа болница Гевгелија.

Полициски службеници на местото го затекнале Т.П., а по пребарување на теренот ги пронашле мигрантите, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле и престојувале во државата, известуваат од полицијата.

Т.П. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…