(Видео) СДСМ: Шефот на обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, ВМРО-МВРО на дело!

t

Дарко Каевски, пратеник и портапрол на СДСМ, денеска во изјава за медиумите истакна дека шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тепал полицајци.

Според нив, ноќеска, пред локален кафе бар во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец!

„Иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога.

Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога.

Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата.

Станува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането.

ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице.

Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно.

Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО.

Очекуваме одговори од министерот Тошковски и од Христијан Мицкоски.

Овој скандал мора да биде расчистен целосно.

Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.

А Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни“, вели Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…