ЛДП со жестока реакција: Нападот врз полициски службеник е напад врз државата!
ЛДП најостро го осудува насилството како појава во општеството бидејќи ги загрозува основните човекови права.
„Особено е загрижувачки кога се случува меѓу полициски службеници, бидејќи нападот врз полицаец е сериозен напад врз државата“, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија.
-Во однос на инцидентот што се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој биле инволвирани полициски службеници меѓу кои и припадник на МВР кој е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потребно е институциите веднаш да постапат и да го расветлат случајот, како во рамки на Минисерството за внатрешни работи, така и Обвинителството да го истражи целиот случај бидејќи сите сме еднакви пред законот и никој не смее да помине неказнето, велат од партијата.
Од ЛДП додаваат дека е потребно органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…