Ќе се градат хемиски фабрики среде Скопје: Новиот ДУП во Ѓорче е небезбеден – најмалиот проблем се зградите, порача Арсовска
Најмалиот проблем на тој ДУП се зградите. Прво треба да разбереме дека треба да се почитуваат постапките и процедурите. Доколку за сите останати важат закони и прописи, тоа мора да важи и за овие од Ѓорче Петров. Проблемот е што некој таму постојано ги крши законите и прописите. Град Скопје не дал позитивно мислење, ниту согласност за тој ДУП затоа што е небезбеден по повеќе параметри, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изјава за емисијата „Студио 10“.
Според неа, при катастрофа и криза од природна непогода, се соочуваме со опасност половина Скопје да биде отсечено, бидејќи како што вели, не е корегиран ДУП-от согласно стандардите. Како што вели Арсовска, таму има големи индустриски објекти.
-Прекршени за законите по 100 основи и затоа имаме намера да се бориме и да се избориме до крај, кажа градоначалничката.
Од Општина Ѓорче Петров информираа дека на вонредна седница на Советот без ниту еден глас „против“ е донесен ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината. Планот се однесува на реонот од кружниот тек помеѓу Ѓорче Петров и Влае па сè до наплатниот пункт на ЕВН непосредно пред мостот кон населбата Даме Груев, односно го опфаќа целиот простор спроти пазарот.
Дел од советниците на СДСМ и Левица во општината обвинуваат дека со планот е предвидена изградба на една 20-катница, четири 17-катници, две 14-катници, шест 12-катници, седум 9-катници, седум 7-катници и уште десетина помали згради во кои е предвидно да живеат нови десет и пол илјади жители. Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски порача дека е предвидена изградба на две хемиски фабрики чии отпадни води ќе одат во канализацијата во Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…