(Видео) Мицкоски и Заев во коалиција ќе ги трујат скопјани: Арсовска со шокантна прес-конференција, среде Скопје ВМРО аминувало изградба на хемиска индустрија на 157 илјади метри квадратни!
Повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров и затоа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави кривични пријави за градоначалникот, претседателот на Советот, министерот за транспорт и врски и други инволвирани лица. Град Скопје исто така ќе побара од Уставниот суд да го стопира реализирањето на овој, според нив, штетен и небезбеден план.
Арсовска, на прес-конферецнија рече дека прво општината не ги собрала сите согласности од надлежните институции за да може ДУП-от да го стават на располагање, а и таа согласност што ја имаат од Министерството за транспорт и врски е добиена според неважечки документи. Имено, документите кои биле обезбедени со висина од 5 или седум ката за зградите, сега се сменети со 14 и 20-катници, што според Арсовска ги прави документите неважечки.
За неа е спорно и тоа што ДУП-от предвидува изградба на хемиски постројки, кога градот се бори против загадувањето, како и времето на донесување на планот, во сабота, со мислење од ресорното министерство, добиено за еден ден.
– Три објекти се уцртани во овој план, од 157.000 метри квадратни со хемиска индустрија – рече Арсовска.
Виновни за ова ова Арсовска ги најде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев, за кои тврди дека поради лични интереси, се дозволи да се изгласа можност за градба на ненормално големи објекти, како и објекти за хемиска индустрија во самото срце на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…