Ванковска: Водам пред кандидатот на ДПМНЕ, некој е страшно насекиран дека ќе ги соберам потписите
Големо благодарам на Љупче Златев и Ивица Боцевски што ми/ни прават бесплатна кампања дури и кога навредуваат и спинуваат! Како што обично вели Димитар Апасиев: нека нѐ зборуваат, макар и по добро (Се фатиле за мојот “импакт фактор” небаре за ректор се кандидирам. И by the way, уште предвреме нека си проверат на Scopus и Thomson Reuters дека стојам повисоко од кој било кандидат на ДПМНЕ, да не ме сведува Ивица на Филозофски факултет само).
Ми укажуваат редовните слушатели дека не можат емисија да реализираат без мене да ме девалвираат. Денес дури и претерале. Бујрум, нема проблем!
Јас “дебелокожец” како што ми препорачува политички искусниот Боцевски не можам да бидам, бидејќи тоа не ми доликува. Човек сум и човек останувам и на политичката сцена. Со достоинство ама и со способност да им вратам кога ќе забегаат (како денес). Тоа значи дека не сум “плачка”. И нека не се надеваат на тоа
Златев може да се слика со својот супер модерен андроид текевизор што го нуди (пази сега, МЕНЕ ќе ми го нудел како уштешна награда, а пред некој ден го нудеше во опклада со други!).
Поентата е оваа: кога му гостував на колегата Ѕвонко Јанкуловски во тоа студио, ниту бев претседателски кандидат , ниту некој ми правел таму политичка промоција. Ниту дум член на Левица, ниту Ѕвонко го сметам за член на партија. Човекот ме покани културно да зборуваме како интелектуалец со интелектуалец, професор со професор. И тоа го сторивме. Емисијата беше добра, мнозина така го оценија нашиот разговор – и навистина е недолично, па и РАСИПАНО да тврдиш дека си ме поканил во Радио Лидер зошто си бил професионален новинар кој му дал шанса на политички противник! Златев знае добро дека ниту ќе прифатев, ниту некогаш ќе прифатам да учествувам во емисија што тој ја води. Да знаев дека мојата толеранција ќе ја злоупотребат никогаш немаше да стапнам во тоа студио! Дури таму се шегував дека Златев ќе вика после мене или бајачки или
Ќе дезинфицира против “комуњари”.
Некој е страшно насекиран дека ќе ги соберам потписите. И треба да биде
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…