Расте бројот на банкротирани компании во ЕУ

t

Европската унија и официјално потврди дека низ земјите членки има раст на банкротираните компании. 

Во последниот извештај, европскиот статистички центар објави дека во четвртиот квартал од 2023 година, бројот на компании кои покренале стечај во ЕУ се зголеми за 0,6  отсто во споредба со третиот квартал

– Бројот на компании кои заминале во стечај на крајот на 2023 година беше над нивото на предпандемискиот период забележано помеѓу 2016 и 2019 година – се појаснува во нивниот извештај.

Иако има раст на вкупниот број на стечајни постапки, сепак, „Евростат“ посочува оти има и новоотоврени компании, поради што во истите сектори се забележува и затворење и отворање на нови компании. 

– Гледајќи ги конкретно банкротите по активност, споредено со претходниот квартал, во четвртиот квартал од 2023 година, најголем пораст на банкротите има во секторот транспорт и складирање со 9,3 проценти, по што следува трговија со 7,7 отсто и услуги за сместување и храна со раст на банкротите од 1,1 процнети – посочува „Евростат“. 

Бројките покажуваат дека најголем број банкроти се пријавени во Словачка, па следуват Данска и Хрватска. По нив по бројот на банкроти се Белгија, Унгарија и Шанија.

Истовремено европскиот статистички центар посочува оти и покрај банркотите, во четвртиот квартал се забележани и тековни регистрации на нови деловни субјекти. 

– Четврти квартал по ред, регистрациите на деловните активности се зголемија, иако благо или 0,1 отсто зголемување во последниот квартал од 2023 година. Генерално, бројот на регистрации на бизниси во последните три квартали од 2023 година беше поголем отколку во периодот 2015 – 2022 година – посочува „Евростат“.

Од таму велат дека вкупниот број на регистрации останува стабилен иако вообичаено  има разлики во секторите. Гледајќи ги конкретно регистрациите на деловните субјекти по дејности, во споредба со третиот квартал, во четвртиот квартал од 2023 година најголем раст на регистрациите има во секторите: транспорт и складирање каде има раст од 5,6 проценти, по што следува градежништво со 3,6 отсто нови компании, па секторот сместување и услуги за храна со 3,5 проценти новорегистрирани фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…

Евидентиран трговски дефицит од 29 милијарди евра…

Во 2023 година, вкупната вредност на трговијата…

ЕУ ја продолжи трговската поддршка за Украина…

Советот на ЕУ конечно го одобри продолжувањето…