Алегри: Го загубивме победничкиот менталитет, Јуве може многу повеќе

t

Масимилијано Алегри беше видно разочаран по ремито на Јувентус на гостувањето кај Верона и изјави дека неговиот тим заборавил како изгледа победничкиот менталитет. Торинскиот гигант двапати имаше негатива и на крајот се избори за бод, но тренерот смета дека потенцијалот на играчите е многу поголем.

„Го загубивме победничкиот менталитет. Не знам како дојде до тоа, но играчите мора да сфатат дека можат многу повеќе. Имаме одлична и воиграна екипа, но ни фали малку самодоверба и реализација во клучните моменти од натпреварите.

Главниот конкурент за титулата е прилично далеку од нас во моментов, но до крајот на сезоната има уште многу натпревари. Јувентус е голем клуб и ние секогаш ќе се бориме за самиот врв“, изјави Алегри.

Јувентус со ремито во Верона стигна до вкупно 54 бодови и има девет помалку во однос на водечкиот Интер, а „нероаѕурите“ имаат и еден меч помалку. Тимот на Макс Алегри одлично ја започна оваа сезона, но полека ја губат трката за титулата откако влегоа во серија на непосакувани резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…