Канада ѝ испраќа повеќе од 800 дронови на Украина
Канада ќе донира повеќе од 800 беспилотни летала Скај Ренџер Р70 (Sky Ranger R70) на Украина за одбранбената војна против Русија, изјави денеска канадскиот министер за одбрана Бил Блер.
Според канадското Министерство за надворешни работи, дроновите, произведени во Ватерло во провинцијата Онтарио, биле проценети на околу 70 милиони американски долари. Министерството посочува дека донацијата е дел од воената помош од 370 милиони долари, што ја најави канадскиот премиер Џастин Трудо при неговата посета на Киев минатата година.
„Денешното соопштение ќе и овозможи на Украина да има дронови што и се потребни за откривање и идентификување на цели кои се клучни за борбата на Украина. Канада ќе биде со Украина се додека тоа е потребно“, рече Блер.
Од февруари 2022 година, Канада испрати повеќе од 7,2 милијарди долари помош за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…