Османи: Косово станува центар за иновации во регионот

t

Претседателката Вјоса Османи на свеченоста во Технолошкиот парк во Приштина по повод почетокот на работата на „Карваго“ – онлајн купување и продажба на автомобили, рече дека Косово станува центар на иновациите во регионот.
Таа изјави дека овој проект ќе ги поврзе купувачите на автомобили низ Косово со европскиот пазар.

„Косово постојано се појавува како центар на иновации во регионот и пошироко, отсликувајќи го креативниот дух на нашите претприемачи“, рече Османи на социјалната мрежа „Икс“.

„Карваго“ е првиот европски проект кој нуди купување и продавање автомобили целосно онлајн.

На веб-страницата на оваа платформа е наведено дека дневно се нудат околу милион автомобили низ Европа и дека проектот ги вклучува сите детали поврзани со продажбата, вклучувајќи технички преглед, логистика, осигурување, регулирање на сервисни прашања и друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…