Лукашенко: Србија, БиХ, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина.
Влезот на Финска во НАТО, а наскоро и на Шведска, е нова фаза на експанзија на исток. Алијансата ќе ги вовлече Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија и Србија. И сè ќе се одвива според украинското сценарио“, рече Лукашенко на состанокот со раководството на државните органи на системот за национална безбедност.
Како што додаде, прогнозите се неутешни.
Апетитите и активноста на колективниот Запад само ќе растат. Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат да го прошируваат НАТО. Ситуацијата е повеќе од поволна за нив. Отворено ќе кажам: речиси сите европски лидери се претворија во поданици на САД – ако погледнеме чија политика, чии интереси доминираат на територијата на Европската унија, оцени Лукашенко
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…