Симеоне: Интер игра во страшна форма, двомечот ќе биде емотивен за мене

t

Атлетико Мадрид ќе се соочи со Интер во осминафиналето од Лигата на шампионите, а овој двомеч дава и дополнителен сјај, затоа што тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, после подолго време ќе се врати на „Џузепе Меаца“ и сигурно ќе биде поздравен со овации од домашните навивачи.

Популарниот „Чоло“ изјави дека Интер за него секогаш претставувал симбол на љубов и почит и очекува неизвесна и голема битка за пласман помеѓу осумте најдобри во елитното натпреварување.

„Двомечот со Интер ќе биде многу тежок. Тие се во неверојатна форма и многу ми се допаѓа нивниот стил на игра. Минатата сезона стигнаа до последната пречка и тоа за нив ќе биде дополнителна мотивација.

Ќе биде прекрасно во Милано, од тој прекрасен град имам само топли спомени. Интер беше убава етапа во мојата кариера и јас секогаш со љубов и почит гледам на овој клуб. Ќе има многу емоции“, рече Симеоне.

Интер е во застрашувачка форма периодов и успеа да слави на последните осум натпревари, додека Атлетико игра променливо, но секогаш е непријатен ривал за сите противници и се очекува голема борба за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за 20 февруари, со почеток во 21:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…