Чеченскиот лидер вели дека Русија чекори кон Киев

t

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров по заземањето на градот Авдиивка во источна Украина изјави дека Русија со уште поголеми чекори оди кон Киев.

– Авдиивка е уште еден чекор кон победата. Мислам дека ќе продолжиме да одиме напред со големи чекори кон Киев – изјави Кадиров пред новинарите.

Тој тврди дека украински сили „пукале врз цивили во Донбас“ од Авдиивка и оти поради тоа било многу важно да се преземе контролата врз тој град, кок се наоѓа северно од Доњецк.

„Не е само Авдиивка. Заземени се и неколку други села. Секој сантиметар земја што го заземаме ни е неопходен затоа што има бандити, терористи, ѓаволи… Тие немаат ништо свето, затоа мора да бидат уништени. Гаѓаат цивили… А врховниот командант не ни дава можност да извршиме специјална операција во полн ек поради фактот што таму има цивили“, вели Кадиров.

Руските сили воспоставија целосна контрола над Авдиивка во саботата. Заземањето на стратешки важниот град овозможи да се оддалечи линијата на фронтот од Доњецк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Португалија протести поради трошоците за живот…

Неколку движења за правата на станарите и…

Уапсени маж и жена од Кочани, во…

МВР информира дека се лишени двајца сопружници…

Над 400 оброци за граѓаните на кои…

По повод Светскиот ден на борба против…

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…

Националната комисија за учебници одлучи да повлече…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…