КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ: Изведбата е по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот и неговите соработници
Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, ќе се одржи на 26 февруари со почеток во 20.30 часот во Националната опера и балет.
Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер е Љупка Јакимовска, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Ќе настапат солистите од Националната опера и балет: Сандра Митровска – сопран, Марика Поповиќ – мецосопран и Јаворка Витанова – солист од хорот, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и од Р. Аврамовски.
Настанот ќе биде збогатен со видео и аудио содржина за која се употребени материјали од архивската документација на документарецот „Верувам во Македонија“ на МРТВ, како и фотографии и видеоматеријали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.
Влезот е слободен, а јавноста ќе може да ги подигне билетите најдоцна до 26.2.2024 до 17.00 часот на билетарницата на Националната опера и балет.
Концертот е под покровителство на Владата на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…